Почетна / Свет / Австрија дозволи работа на проститутките, со помалку физички контакти?!!

Австрија дозволи работа на проститутките, со помалку физички контакти?!!

Австрија од денеска им дозволи да работат сексуалните  работници, а Министерството за здравство им даде список со препораки за спречување на ширење на коронавирусот без оглед на интимната природа на работата.„Одржувајте го физичкиот контакт на минимум“, советува Министерството, додавајќи дека проститутките и клиентите треба да избегнуваат да бидат лице в лице за време на сексуалниот однос.Министерството исто така предупреди дека бакнувањето и групниот секс треба да се избегнуваат. И клиентите и сексуалните работници треба да користат маски за еднократна употреба, препорачува Министерството.Според препораките, борделите треба да го известат клиентот за правилата за здравје и хигиена, а сексуалните работници не треба да ги нудат своите услуги на лица кои имаат симптоми на ковид-19 како што се кашлица, останување без здив или треска.Пред да ги подготви препораките, министерството одржа тркалезна маса со сексуалните работници за да ги слушне нивните ставови.„Задоволни сме што министерството прибегна кон препораки наместо закани со казна“, изјави Ева ван Рахден, која раководи со советодавниот центар на сексуалните работници во Виена во рамките на добротворната организација Волкшилфе.Голем дел од луѓето кои работат во бизнисот се многу заинтересирани за спроведување на мерките за здравствена безбедност, со или без пандемија, изјави за агенцијата ДПА.Но, жените што ги нудат своите услуги на улиците тешко ќе ги спроведат новите препораки, признала Фон Рахден.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Fazer” подготвува антиковид апче.

Пилулата може да спречи тешка форма на ковид-19 или може да биде втора линија на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *