Почетна / Свет / Австрија протерува Европејци

Австрија протерува Европејци

Австрија минатата година од земјата протерала околу 4.700 луѓе, а повеќето од нив биле Европејци.

Повеќе од 60 отсто од протераните лица се од европски земји, соопшти австриското радио „Oe1“.

Меѓу протераните најбројни се Словаците, Србите, Унгарците и Романците.

Дури 2.100 протерани лица биле граѓани на земји членки на ЕУ, што е 45 проценти од вкупниот број.

Ако на тоа се додадат Србите, Македонците, Албанците и Босанците, тоа значи дека 63 отсто од сите се протерани се Европејци.

Станува збор за лица без постојан престој, невработени или такви кои сториле кривично дело.

На прво место на листата на протерани граѓани е Словачка со 600, по што следат Срби, Унгарци и Романци, а дури потоа се Нигеријци, Грузијци и Авганистанци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија и САД , бетер од студената војна.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека односите меѓу Русија и Соединетите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *