Почетна / Спорт / АВТОМОБИЛИЗАМ:НА ПОНИКВА СЕ ДОБИВА ШАМПИОНОТ.

АВТОМОБИЛИЗАМ:НА ПОНИКВА СЕ ДОБИВА ШАМПИОНОТ.

Двете финални (последни)авто трки за сезоната 2020 ќе се одржат на Пониква. Возачите биле едногласни во одлуката, трките да се возат во Кочани поради засега најдобрите перформанси што ги има оваа патека, со дожина од 5910 метри, широчина од 6 метри и висинска разлика од 720 метри.Како што дознаваме од  претседателот за спорт при АФМ кој воедно е и претседател на жири комисијата  Ранко Станојковски, трките ќе се одржат викендов на 10ти и 11ти Октомври ( сабота и недела ) кога ќе има 2 тренинг сесии и 2 трки во недела од 12 и 14 часот. Што се однесува на протоколите рече дека според нив на трките не би требало да има публика.За време на неслужбениот и службениот тренинг, како и за време на натпреварот патеката ќе биде затворена за секаков вид сообракај од сообракајната полиција на ОВР Кочани.На натпреварите засега е планирано да настапат над 30 возачи.

www.radiokocani.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *