Почетна / Балкан / Албанија го урна ресторанот на угостителот што нападна туристи.

Албанија го урна ресторанот на угостителот што нападна туристи.

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи.

Тој на 21 август нападна шпански туристи и се обиде да го запре нивниот автомобил затоа што не ја платиле сметката.

Туристите, наводно, биле незадоволни од услугата, а од ресторанот тврдат дека гостите не ја платиле сметката.

Шпанските медиуми пишуваат дека жртва на инцидентот бил шпанскиот бизнисмен Евгенио Галдон и неговото семејство.

За да го запре автомобилот во кој се превезуваат туристите скокнал на хаубата, при што ја скршил шофершајбната и така се возел пет километри.

Уривањето е извршено по наредба на албанските власти, кои го демолираа неговиот ресторан во Порто Палермо, популарно одморалиште во јужна Албанија, јави ТВ „Клан“.

Сопственикот на ресторанот, Михал Кокедима, е уапсен откако нападнал тројца шпански туристи и двајца Албанци. Државните органи утврдиле дека ресторанот немал дозвола за работа и дека три години не плаќал данок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *