Почетна / Балкан / Албанка и Турчин фатени во нелегална трговија со човечки органи

Албанка и Турчин фатени во нелегална трговија со човечки органи

Во Приштина се уапсени две лица за незаконска трговија со човечки органи и ќелии и илегална трансплантација на органи, соопшти денеска косовската полиција, пренесе приштинскиот весник „Коха“.

Според полициското соопштение, уапсени се жена од Албанија и државјанин на Турција.Косовската полиција наведува дека против нив ќе биде отворена редовна криминалистичка процедура.

„Пријавено е дека во истрага на Криминалистичката единица се уапсени двајца осомничени, турски државјанин и Албанка, кои се товарат дека незаконски тргувале со човечки органи и изведувале илегална трансплантација. По налог на обвинител против нив е почната редовна процедура“, се наведува во соопштението на полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *