Почетна / Бизнис / Албанската економија пред колапс

Албанската економија пред колапс

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, тврди дека економијата, вработеноста и стандардот на граѓаните се пред колапс.

Како што рече, тоа се гледа по речиси шестгодишното владеење на премиерот, Еди Рама, пренесе „Б92“.

„Албанците изгубија надеж, стотици илјади ја напуштија земјата, а другите се обидуваат да ја напуштат. Младите се невработени, без надеж, со пропаднат образовен систем. Протестираат, додека илјадници од нив иднината ја гледаат во странство“, изјави Баша.

Тој тврди дека странските инвестиции бележат пад по завршетокот на некои големи проекти наследени од претходната Демократска влада, а странците кои се обидуваат да инвестираат во Албанија, во тоа ги спречува олигархиско-мафијашкиот систем.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Печалбарите не праќаа пари.

Ако печалбарите секоја година праќале по над една милијарда евра пари со кои ќе им …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *