Почетна / Избор на Уредникот / Александар Грличков величина со која треба да се гордее нацијата.

Александар Грличков величина со која треба да се гордее нацијата.

Секоја нација има по некој значајна личност, која со својата работа направила општи добра за целата цивилазација, и нацијата е препознатлива преку него.

Ние од овде од оваа Македонија, ако бараме таква личност со такви назнаки, не ќе можеме да наброиме , личност како на пример Никола Тесла.Секогаш има исклучок, и тој исклучок го има Штип.Штип има неколкумина видни личности, величини  со кои треба да бидеме горди, и да се препознава нацијата.Една од тие личности, ако не и на врвот на пирамидата е Александар Грличков.

 

Грличков не креваше врева за неговите мисли, кои се реализирани во реалниот живот.Една од тие е примерот со неврзаните држави.Југославија и Јосип Броз Тито, по идеа на Грличков го создаваат движењето на неврзаните  како огромен пазар, што целосно го користеше Југославија .Грличков беше критичар на политичкиот и економскиот систем.

Поради припадноста кон Сојузот на комунистите, и како учесник во народнослободителната војна, го критикуваше системот.Тоа особено гласно го кажуваше низ економските реформи.Грличко предлагаше влез на приватен капитал, низ приватни фирми, но и преку трансфорамција на општествениот капитал, како акционерски друштва.Грличков сметаше да колективното раководење, не предизвикува чувство на одговорност.Тој негов принцип, актовно го примени Кина, и ден денес го практикува.

Сега Кина благодарејќи на Александар Грличков е економска велесила, која ја движи светската економија.Грличков е  штипјанец, со светска репутација.Штип започнува иницијатива за почит кон неговиот сограѓанин Александар Грличков.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *