Почетна / Избор на Уредникот / Амбасадорот на Чешка, на гости кај градоначалникот Бочварски

Амбасадорот на Чешка, на гости кај градоначалникот Бочварски

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, господинот Мирослав Томан.

На оваа средба се разговаше за понатамошна соработка помеѓу локалната самоуправа и Република Чешка, можностите што ги нуди локалната самоуправа како и поволната бизнис клима во нашата општина.

Градоначалникот Бочварски истакна дека во Штип во изминатиот период се реализирани неколку проекти, финансирани од европски фондови, но и од сопствени средства како и планот за понатамошен развој на Штип, како центар на источниот редион од нашата држава.

Исто така се отвори можност за организирање на бизнис форум кадешто Штип ќе ги претстави своите потенцијали и ќе се создраде можност за соработка со претставниците од бизнис секторот од Република Чешка за инвестирање во нашиот град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *