Почетна / Занимливости / Америте не ја познаваат кралицата

Америте не ја познаваат кралицата

Кралицата Елизабета II направила урнебесна шега кога американските туристи не ја препознале откако ја сретнале додека шетала околу нејзиниот имот.

Групата туристи го започнала разговорот со 93-годишната кралица кога ја виделе како шета со својот телохранител Ричард Грифин кај нејзината куќа за одмор во Шкотска.

Туристите не сфатиле со кого разговараат затоа што прашале дали жената живее некаде во близина. Кога кралицата одговорила позитивно тогаш ја прашале дали некогаш ја сретнала кралицата?

Не сакајќи да го отвкрие својот идентитет, кралицата покажала кон Грифин и рекла: „Не, но овој полицаец ја сретнал“.

Групата туристи потоа го напуштила имотот без да знаат со кој разговарале.

Кралицата инаку била облечена во неформална облека со марама на главата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *