Радио Штип
Македонија

Андре Рију и “Македонско девојче“

Современиот крал на валцерот, Андре Риу, со видео порака до македонската публика го најави својот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 6-ти јуни. Тој со својот оркестар ја засвири песната „Македонско девојче“.

„Мојот фантастичен оркестар и јас сме особено почестени што прв пат доаѓаме во вашата убава земја Македонија. Затоа ќе ви го отсвириме ова. Се гледаме на концертот“, порача Риу.

Маестралниот холандски музичар ќе настапи со неговиот Оркестар Јохан Штраус, кој воедно е и најголемиот приватен оркестар на светот. Организатори на настанот се Пасворд Продукција, и најавуваат фантастичен сценски настап од актуелната светска турнеја на Риу.

Слични Новости

Исар сака мирно ,со вода полно лето.

trajce jovanov

Земја дембелија

trajce jovanov

Што правеше Заев качен на столче?

admin

Leave a Comment