Почетна / Свет / Апчиња за слабеење, ептен ефикасни 2.000 ослабеа в гроб

Апчиња за слабеење, ептен ефикасни 2.000 ослабеа в гроб

Денеска во Франција почнува судење за еден од најголемите здравствени скандали во земјата, поради апчиња за слабеење, за кои се верува дека убиле околу 2.000 луѓе и предизвикале доживотни оштетувања кај многу пациенти, пренесува „Гардијан“.

Судењето за убиство и измама ќе се обиде да разјасни што точно се случувало во француската фармацевтска индустрија. На обвинителна клупа е „Сервиер“, една од најголемите и најмоќни приватни лаборатории, која е обвинета за прикривање на несаканите ефекти од некогаш широко распространетиот лек, „Медијатор“. Покрај фармацевтската компанија, на обвинителна клупа ќе се најде и француската државна регулаторна агенција, обвинета дека недоволно направила за да ја спречи смртта и трајните оштетувања кои се појавиле кај некои пациенти.

Смртоносните таблети „Медијатор“ им се препишувале на дијабетичари со прекумерна телесна тежина, но и на здрави жени кои сакале да слабеат, бидејќи лекот го намалувал апетитот.

Меѓу 1976 и 2009 година, лекот им бил припишан на околу 5 милиони луѓе и покрај сомнежите дека предизвикувал срцеви проблеми и оштетување на белите дробови. Министерството за здравство открило дека најмалку 500 луѓе во Франција кои користеле „Медијатор“ починале од проблеми со срцевите залистоци, но некои други проценки покажуваат дека бројката опфаќа дури 2.000 жртви на овие таблети. Илјадници други сè уште живеат со проблеми со срцето.

Некои жени кои биле здрави кога почнале да ги користат таблетите, подоцна почувствувале проблеми при качување по скали и добиле постојани кардиоваскуларни заболувања кои го ограничуваат нивното секојдневно живеење. „Сервиер“ досега платил речиси 132 милиони евра како отштета на погодените од овие таблети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *