Почетна / Спорт / АСМ со кривични пријави против поранешното и сегашното раководство на ФФМ

АСМ со кривични пријави против поранешното и сегашното раководство на ФФМ

Познато е дека во македонската спортска јавност има голем револт за случувњата во ФФМ.Револтот е насочен кон одговорните спортски институции кои веќе две години ништо не преземаат криминалот во ФФМ да биде расчистен. Сите знаат дека во ФФМ се работи без да се почитуваат позитивните закони и тоа повеќе години по ред..

Ветувањата дека ќе се преземат мерки за расчистување состојбите во ФФМ , за што уште пред неколку месеци зборуваше во Штип на трибина , директорот на АСМ, Дарко Каевски ,оттогаш па досега, ништо не се промени.. Се е статус кво. Проблем е што продолжува ваквата состојба, се докрајчува мак фудбалот. Нема општински фудбалски лиги, а има фиктивни ОФС,чии претставници се членови и на највисокиот орган на ФФМ, третите лиги и годинава тешко ќе се формираат, а такви проблеми има и со вторите фудбалски лиги…

Виновниците за ваквите состојби се познати. Но, епилог нема, и покрај ветувањата . И сега ново ветување од АСМ- поднесени се кривични пријави против екс и сегашниоот претседател на ФФМ и членови на УО на ФФМ . Ако се знае каква е состојбата во македонското судство- кој знае колку време ќе почекаме додека овие кривични пријави видат „бел ден“- во правосудните органи.. Се ми личи дека ова е ново залажување на македонската спортска јавност, за смирување на страсгите., купување време- да продолжи уништувањето на мак фудбалот и задржување функциите на челниците во ФФМ, ..
Малку ме охрабри јавната изјава на Никола Риљак од Штип, познат спортски работник , кој јавно побара „ослободување на ФФМ од канџите на долгогодишните криминалци кои го водат ФФМ, со што ќе се врати блесокот на мак фудбалот…“- изјави јавно блискиот соработник на Дарко Каевски- Никола Риљак!
Фудбалските работници ,и не само тие, очекуваат брзо расчистување на девијантните појави во ФФМ. Нема повеќе време за чекање, ако се сака фудбалот да застане на „здрави нозе“ во нашата држава…!

Да не излезе на крајот, извинете малку се шегувавме.

Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *