Радио Штип
Црна хроника

Бебе почина од никотинско труење

Во Австралија почина бебе од труење со никотинска течност, со која се полнат електронски цигари, поради што експертите бараат строги казни за нивната употреба.

Истражителите во австралиската покраина Викторија, ја испитуваат смртта на бебето, кое било изложено на смртоносно ниво на течен никотин.

Супстанцата е илегална во Австралија, но без оглед на тоа, течноста се купува од меѓународни доставувачи и се внесува во земјата. Експертите одбиле да кажат детаљи за случајот, но потврдиле дека причина за смртта е изложеноста на течен никотин.

Само милилитар течен никотин може да биде смртоносен за новородечне ако го голтне, вдиши или капне на него.

Од Центарот за информации за труење, тврдат дека во текот на 2016 година биле забележани 70 случаи на труење со електронски цигари. Од 202 случаји на труење со електронска цигара во Австралија, 76 биле деца, од кои дури 62 бебиња.

Австралиското министерство за здравство соопшти дека Светската здравствена организација треба да пронајде конкретни докази дека течниот никотин е безбеден.

Слични Новости

Возачите како и младите, сообраќајно се неписмени

trajce jovanov

Не се сите Македонци Срѓан Керим.

trajce jovanov

1.5 милиони денари како административец ги здиплил од извршител

trajce jovanov

Leave a Comment