Радио Штип
Балкан

Без “мињаци“ пирсинзи и долен дел тренерки

Факултетите во Србија имаат нов кодекс на облекување за сите оние кои го посетуваат и работат во него, и тие пропишуваат одредени забрани со кои студентите досега се немаат сретнато. Причината за ова се поплаките на професорите дека студентките, според нивно мислење, на предавањата често доаѓаат непримерно облечени и разголени.

И машките студенти, тврдат професорите, често доаѓаат полуголи за да ги покажат своите тетоважи на телото или облечени во маици без ракави и куси панталони кои повеќе откриваат отколку што сокриваат. Затоа, според српскиот „Телеграф“, речиси сите српски факултети пропишале свои кодекси на облекување што им забрануваат на студентите да носат непримерна облека.

Еден српски факултет дури ги потсетува студентите да им кажат на професорите: „Добар ден, Благодараме, Се извинувам и Повелете”, и строго истакнува како треба да се облекуваат студентите за на факултет. Така, мини здолништа и фустани се забранети, како и куси панталони и долен дел од тренерка. Дополнително, постои забрана за носење какви било политички обележја, како што се беџовите со лидерите на партијата што ја поддржуваат.

Правниот факултет во Белград воведе концизни и јасни правила во што не смеат студентите, но и професорите, да доаѓаат на предавања, па на тој начин ја забрани сета облека што може да предизвика сексуално вознемирување.На Правниот факултет во Нови Сад донесени се толку строги  правила што непримерно облечените студенти ќе бидат отстранети од предавањата и ќе бидат пратени дома ако не го почитуваат кодексот.

Слични Новости

Сета српска естрада на комеморација на Шабан Шаулиќ

trajce jovanov

Вучиќ и иднината на Србија

trajce jovanov

Некој од српската власт и се заканува на N1

trajce jovanov

Leave a Comment