Почетна / Избор на Уредникот / Благодариме за радоста на “Angels cafe`“ за радоста на животот.

Благодариме за радоста на “Angels cafe`“ за радоста на животот.

Го враќаме времето наназад четири години.Заврши најпопуларната летна содржина Summer beach festival.Над 10.000 посетители.Мисијата исполнета, кажано што имаше да се каже.И покрај наговестувањата не се очекуваше престанок на работата на Мостот на убавото урбано живеење “Аngels café“.Роберт Димитров Роби, ги соопшти мотивите за тој чекор.

И што се случи за овие четири години.Ништо.Ништо макар и налик на програмите во Енџелс кафе.добро се случуваат турбо фолк журки, со цеци меци, дуди муди,мујо и хасо и слично, и плус општински кич Пастрмалијада.

Човек како Роби кој си го сака родниот град, не крева раце.Реши пак да започне со работа Енџелс кафе.Се од темел на ново.Нов тлоцрт, ново архитектонско решение.Нова аудио видео и светлосна технологија.Баш почеток од нула.Градиозно , велелепно изгледа новиот објект со познатото име Енџелс кафе.Потребно враќање на душата.Фестивал, ревија, или демонтрација не тоа што го немаше во прескокнатите четири години.Најдобрите и најатрактивните музички изведувачи од регионот во Штип.Врвни ди џеи од Грција, Бугариј Србија и секако од Македонија, и од родниот ни Штип.Ди џеи кои презентираа поинаква музичка филозофијиа од она што сме навикнале, кои даваат информации каде се движи тој вид на музичко творештво.Длабоко понирање во 60-тите години од минатиот век, се разбира обликувани низ аголот на присмотра на ди џеите.Другу решиле монотонијата на ди џејството да го разбијат со активно учество на таканаречени живи инструменти.Космополитен група од Грција која го имат тој пристап.И ние коњ за трка имаме Брас Брадерс, или Вортекс бенд.

Станува јасно дека Енџелс кафе станува сцена , институција опера во која промоција добиваат трендовите кои воопшто не се музички агресивни, промоција добиваат музичките творби кои потикнуваат одлична опуштена и ведра атмосфера, творби кои полека на сигурно го трасираат патот на светските топ листи.

Енџелс кафе не само од тој сегмент го згази сивилото на животот, туку и со понудата на бројни напитоци, со услугата, со редица на други подршки на гостите донесе нова светлина и во тој дел од пулсот на Штип.Јавно отворено и без никаква задршка треба да му бидеме благодарни на сопственикот Роберт Димитров Роби-кој вложил дебели, но свои пари за нам да ни биде убаво, ние да му се радуваме на животот.

Може уште да се пишува и говори.А богами за убавината оставаме простор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *