Почетна / Балкан / Бомба пукна во автобус во Белград

Бомба пукна во автобус во Белград

Експлозија се случила во градски автобус на белградско Дедиње денеска непосредно пред 11 часот, при што повеќе луѓе се повредени, а сликата на теренот е и повеќе од драматична, бидејќи дел од возилото е уништен, а на улицата има траги од крв, објави Блиц.

Според најновите информации, експлодирал компресорот за воздух над средната врата. Шест лица се повредени, а неофицијално меѓу нив е и бебе, кое добило гребаница и е препорачано да оди на лекар за преглед на слухот.

„Пет жени се повредени, претежно постари, а тие се пренесени во Ургентниот центар“, рекле за Блиц од брзата помош.

Повредите се чини дека не се од посериозна природа.

Несреќата се случила на улицата „Незнаен јунак“, а автобусот е на приватен превозник, вели Блиц.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *