Почетна / Балкан / Борислав Јовиќ, познат и признат српски шовинист, трди Македонија е измислена нација.

Борислав Јовиќ, познат и признат српски шовинист, трди Македонија е измислена нација.

Борисав Јовиќ, претседател на претседателството на СФР Југославија од мај 1990 до мај 1991 година, со шокантна теза за Македонија и за македонската нација во последното свое интервју.

„Од трите нации што ја сочинуваа Југославија – Срби, Хрвати и Словенци – сега постојат Македонци и Црногорци, кои беа Срби и беа обединети со Србија. Црногорците беа обединети со Србија во една држава што се викаше Србија, значи Црногорците се Срби. Измислена е македонска нација за да се создаде уште една измислена република. Таа македонска нација не ја признаваа ни грчката КП, ни бугарската КП. Јосип Броз не се грижеше многу за тоа, а сето тоа за да создаде што повеќе републики на просторите на српскиот народ“, објаснува српскиот член на ексјугословенското претседателство.

Оваа теза Јовиќ ја образложува во својата книга „Како Србите го изгубија векот“, во која за распадот на Југославија го обвинува пленумот на Комунистичката партија во Дрезден 1928 година.

„Тоа се историски факти. Не можам јас никого да обвинувам, јас само констатирав дека на конгресот на КПЈ во Дрезден 1928 година е донесена одлука со која комунистите се задолжуваат да извршат растурање на Југославија на помали држави по национална основа. Оценија тогаш дека Југославија е вештачка творба во која српскиот народ како мнозински врши експлоатација на другите помали народи и оти комунистите не можат да го прифатат тоа. Тука добија задачи: прво, да работат на разбивање на Југославија, и второ, да да работат на оневозможување на српскиот народ да врши експлоатација на другите помали народи. Тоа беа двете главни задачи. Паралелно, има уште неколку точки – една од нив е и таа дека комунистите треба да се заложат за тоа албанскиот народ во Југославија да ѝ се приклучи на Албанија, а унгарскиот на Унгарија“, вели Јовиќ, додавајќи дека првото што е направено по освојувањето на власта е извршената федерализација на земјата, „на тој начин што дури се измислени некои нови нации“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *