Радио Штип
Балкан

Босански реален живот:“Пијани Босанац“

Полицијата исклучи од сообраќај пијан Босанец. Но, тој не управувал автомобил под дејство на алкохол, туку бил забележан како пијан се тетерави по улицата.

Полицијата во местото Козлук во близина на Зворник, во источна Босна, била принудена да интервенира за да исклучи од сообраќај еден пешак, кој мртов-пијан се тетеравел по патот, со што претставувал закана за другите патници и возачи, јавуваат тамошните медиуми.

49-годишниот човек, кој подоцна бил идентификуван како Шемсо Б., по весела ноќ и прослава налетал на полициска патрола што го контролирала сообраќајот. Тие го забележале како изутрината се тетерави на главниот пат. Веднаш го запреле и му направиле алкотест, по што се потврдило дека е многу пијан.

Тој имал 4,46 промили алкохол во крвта. Изненадени од резултатите, полицајците одлучиле Шемсо да го тргнат од сообраќајот и го однеле во притвор да се отрезни.

Според стандардните мерења на присуство на алкохол во крвта, над 4 промили спаѓаат во групата на алкохолна кома, и се смета дека лицето испило над 1 килограм жесток пијалак.

Слични Новости

Екипата на ХРТ истерана од press конференција

trajce jovanov

Некој од српската власт и се заканува на N1

trajce jovanov

Бугарскиот академик Д-р Николај Цанков, почесен доктор на науки на УГД

trajce jovanov

Leave a Comment