Почетна / Занимливости / Ботичели за 92 милиони долари

Ботичели за 92 милиони долари

Портрет на Сандро Ботичели е продаден за 92 милиони долари на аукција, нов рекорд за италијанскиот ренесансен сликар, објави британски Би-би-си.

Се верува дека младиот човек кој држи диск со брадест светец бил насликан во 1470-тите или 1480-тите. Ова уметничко дело се смета за еден од најубавите портрети на италијанскиот сликар.

Сликата, опишана како ремек-дело на Ботичели, беше продадена во четвртокот на аукција во Сотби во Њујорк.

Продажбата го означува првиот голем показател за состојбата на уметничкиот пазар оваа година.

Пред нејзината продажба, се поставуваа прашања околу подготвеноста на глобалните колекционери на уметнички дела да платат деветцифрени суми за трофејни дела среде пандемија и нестабилност на пазарот.

Успешната продажба на делото на Ботичели може да помогне во зголемувањето на цените на другите вакви слики во време кога многу колекционери на уметност бараат нови дела од повоените и современи уметници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 милиони долари е “дебела“ Парис Хилтон

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на прочуениот луксузен ланец на хотели Хилтон, кој ‘тежи’ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *