Почетна / Занимливости / Бранислав Лечиќ, сепак не силувал актерка.

Бранислав Лечиќ, сепак не силувал актерка.

Апелациското јавно обвинителство во Белград го отфрлило приговорот на актерката Данијела Штајнфелд на одлуката на Вишото јавно обвинителство да ја отфрли кривичната пријава што таа ја поднела против актерот Бранислав Лечиќ, тврдејќи дека ја силувал.

Српските медиуми додаваат дека Лечиќ сега е ослободен од обвиненијата за силување и дека жалбата на актерката за наводното силување во 2012 година е отфрлена како неоснована, со што е потврдена одлуката на Вишото обвинителство дека нема основани сомневања дека е извршено кривично дело силување.

Данијела Штајнфелд поднела голем број обвиненија против Лечиќ, а поднесена е и кривична пријава до Вишото обвинителство во Белград. Во своето сведочење, таа тврдела дека Лечиќ ја однел надвор од Белград со автомобил и сексуално ја злоставувал.

Инаку, освен Данијела, Лечиќ за силување го обвинила и актерката Мерима Исаковиќ. Мерима подоцна рела дека и други девојки ја контактирале и и рекле дека обвинетиот актер им пришол на разни непристојни начини и дека ќе сведочи пред Обвинителството против него, но тие не сакале да го откријат својот идентитет во јавноста.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *