Почетна / Спорт / Брегалница и покрај иницијативите чека што ќе кажат надлежните.

Брегалница и покрај иницијативите чека што ќе кажат надлежните.

Неколку тимови второлигаши доставија иницијатива до ФФМ, со која бареаат првенството да биде прекината. Првата лига да се прошири, и во неа по автоматизам да влезат трите најдобро пласирани од двете втори лиги.И во Втора лига да нема испаѓање.Причините за барањето на одлагањето се добро познати и се именуваат феномен Ковид 19.Инаку меѓу потписниците е фудбалскиот клуб Тиквеш, кој е на третото место, со што една ваква иницијатива ,лично им одговара.Од регионот  потписник на оваа иницијатива е и фудбалскиот клуб “Осогово“ кој се бори за опстанок во второлигашката конкуренција. Фудбалскиот клуб Брегалница, спокојно  ја чека разврската, без да ги коментира ваквите иницијативи.Брегалница го чека официјалниот став на надлежните односно владата која по првомајските празници , треба да се произнесе како натаму  и што натаму со состојбата ковид и во областа на спортот, и фудбалот, па дури потоа може да се разговара за разрешница на фудбалското првенство на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *