Почетна / Спорт / Брегалница загуби од Раднички(Сремска Митровица)

Брегалница загуби од Раднички(Сремска Митровица)

Првото полувреме заврши со водство на Раднички од 1-0, со гол постигнат уште во петата минута. По грешка на Митрев, гостите дојдоа до водство. Голот што беше постигнат во 5 минута го одлучи победникот на средбата, Брегалница имаше, и во првото и во второто полувреме, неколку стонастотни шанси. Додев ја погоди стативата, Кудијан и Мартин Стојанов имаа по две шанси Гостите организирано се бранеа., понекогаш и со преостра игра. Една таква игра не и одговараше на Брегалница. Судијата Марјан Гоцевски имаше полни раце работа., но коректно ја изврши задачата. Додели вкупно 14 жолти картони и еден црвен . Раднички заработи 11 жолти картони и 3 Брегалница. Исклучениот играч на Раднички , по договор на екипите , беше заменет со друг. Треба да се истакне дека гостите се во понапредна фаза на подготовките, бидејќи нивното првенство почнува викендов. Во секој случај, добра фудбалска претстава, со многу трчање и борбеност. Само затаи реализацијата кај Брегалница.

Инаку, Брегалница играше со екипа од Сремска Митровица во Штип во сезоната 1964-65 година. Тогаш, Брегалница ја напушти Втората сојузна фудбалска лига, исток, во СФРЈ. Во Штип го победи Срем ( во тој период така се викаше екипата) со 3-0.

Кирил Манев-Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *