Почетна / Спорт / Брзинска трка на Пониква

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во автомобилизам, кој се бодува и за ФИА-зоната во централна Европа.Во класите Е1-1200 и Е1-1400 се натпреваруваа нашите автомобилисти Христаки Давитковски и Донче Иванов од АКК Фичо 600 и успешно го завршија настапот. Кај возачите во класата Е1-1.600 најбрз беше Слободан Трајковски од АКК Перформанс со возилото „Застава Југо”, а неговиот клупски колега Димитриј Кимовски со „Хонда Сивик” победи во класата Е1-2000.Полјакот Грегорж Дуда со „Хјундаи и20″ беше победник во најсилната класа Е1 +2000 и патеката долга 5,9 километри ја помина за 3:29.70 минути., со што оствари најдобар пласман на трката.Организатор на трката беше АКК Перформанс од Скопје, со поддршка од Автомобилистичката федерација на Македонија. На релито учествуваа десет возачи во пет натпреварувачки класи од исто толку домашни авто-клубови, како и двајца гости од Полска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова прилика за кик-боксерот Никола Нацев

Утре во Скопје почнува Балканското првенство во кикс бокс. На првенството ќе настапи и Никола …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *