Почетна / Спорт / Ван Дер Сар:Нема растурање на овој тим на Ајакс

Ван Дер Сар:Нема растурање на овој тим на Ајакс

Младите момци на холандскиот гигант Ајакс ги импресионираа сите љубители на фудбалот со нивната посветеност, техника и желба за победа. Тешко е да се верува дека по крајот на сезоната Ајакс ќе може да ги задржи најдобрите играчи, но извршниот директор на клубот, Едвин Ван дер Сар, мисли поинаку.

Младиот тим на Ајакс триумфираше во првиот натпревар од полуфиналето против Тотенхем, со што дојде еден чекор поблиску до посакуваното финале од Лигата на шампионите.

Френки Де Јонг веќе го договори трансферот во Барселона, а капитенот Матијс Де Лигт е на излезниот праг од Ајакс, па затоа клубот од Амстердам ќе мора да ги отпише овие двајца од листата на играчи на кои ќе биде изградена играта во иднина. Тимот доби многу пофалби поради успехот во Лигата на шампионите, кој беше изграден на грбот на овие млади играчи.

„Тоа е во ДНК-та на Ајакс. Овој клуб отсекогаш одгледувал млади таленти, кои добивале шанса да ги покажат нивните квалитети. Искуството на Тадиќ и Блинд многу им помогна на помладите играчи во составот“, изјави Едвин Ван дер Сар, извршниот директор на Ајакс.

Холандскиот клуб располага со годишен буџет од 95 милиони евра, што е помалку дури и од последнопласираниот тим во Премиер лигата, Хадерсфилд. Можеби играчите на Ајакс не ги земаат најголемите плати и не заработуваат колку Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар, но тие поседуваат врвен квалитет и заслужуваат само пофалби за нивните партии во Лигата на шампионите, па и во домашното првенство.

„Ајакс отсекогаш бил клуб кој произведува таленти. Така беше во 70-тите, 80-тите и 90-тите, така е и сега. Ама ќе ги зачуваме овие играчи. Нема да продадеме седум играчи одеднаш и нема да го растуриме овој тим“, додаде Ван дер Сар.

По победата од 1:0 на новиот стадион на Тотенхем, Ајакс се враќа пред домашната публика во обид да го завери учеството во финалето од Лигата на шампионите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *