Почетна / Бизнис / “Вебинар“ за автомобилската индустрија

“Вебинар“ за автомобилската индустрија

Економски факултет при УГД организира вебинар на тема: Предизвиците на бизнис секторот во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата со посебен фокус на влијанието врз автомобилската индустрија во земјата.Целта на вебинарот е да се отвори прашањето за за предизвиците на бизнис секторот во периодот на кризата, особено влијанието на кризата врз перформансите на автомобилската индустрија, како и очекувањата за следниот период.Главен говорник на вебинарот ќе биде Виктор Мизо, поранешен директор на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони – ДТИРЗ и сегашен генерален директор на Костал -Македонија, една од најголемите странски компании во земјата која произведува технолошко напредни компоненти за авотмобилската индустрија. На вебинарот Виктор Мизо ќе разговара заедно со проф. д-р Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет на УГД.Вебинарот го отвори Деканот на Економски факултет, проф. Д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *