Почетна / Занимливости / Велемајстор за сложување “рубикови коцки“.

Велемајстор за сложување “рубикови коцки“.

Младото момче Никола Ничовски на свои 13 години реди рубикова коцка како најдобрите светски мајстори. Велешанецот Никола испрати доказ од неговиот личен рекорд остварен во ноември месец во Република Косово. Учи во Основното општинско училиште Васил Главинов во Велес и е 8-мо одделение. Покрај редењето на рубикова коцка, сака да игра и кошарка, а воедно е и страствен навивач на фудбалскиот клуб Барселона и Лионел Меси.Младиот велешанец до сега има учествувано на 3 домашни и 2 меѓународни натпревари, од кои 1 во Бугарија и 1 во Косово, каде што и го постигнал неговиот личен рекорд на официјален натпревар. „Имам исто така има освоено 6 медали, 4 на национално ниво и 2 на интернационално. Меѓу нив голем број на сертификати и успеси во неофицијални натпревари вели Никола. Неговиот личен рекорд, на неофицијални натпревари е 7.65 секунди, додека на натпреварот во Косово во 2019 година го постигнува неговото најдобро време од 10.48 секунди. Рекордот на светско ниво во редење на рубикова коцка изнесува 3.47 секунди од кинезот YuSheng Du. Никола се натпреварува и во редење на Pyraminx коцки, каде што исто така има одлични резултати.„Освен обичната рубикова коцка има и други типови во кои може да се натпреварува. Највеќе доминирам во Pyraminx со просечно време од 6 секунди и воедно сум 2 место во Македонија, додаде младиот велешанец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 милиони долари е “дебела“ Парис Хилтон

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на прочуениот луксузен ланец на хотели Хилтон, кој ‘тежи’ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *