Почетна / Занимливости / ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

Велики Четврток е денот на Тајната вечера. На овој ден се повикуваат верниците на Причест, затоа што на Велики Четврток е востановена Светата причест, на Тајната вечера. Тоа е Празникот на Причеста. Тогаш, од рацете на Господа Исуса Христа, директно ја примиле Причеста светите апостоли и во тој спомен е овој ден на Причеста. На Велики Четврток, на крајот од Литургијата (по замвонската молитва), се извршува чинот: Архиерејското миење на нозете на 12 свештеници, кои ги претставуваа 12 апостоли на Тајната вечера. Осветувањето миро се извршува на Литургијата на Велики Четврток. Со осветеното миро се извршува светата тајна миропомазание по кршевањето, се осветуваат цркви и антиминси. На Велики Четврток се прави и општо маслоосветување, кое е различно од светата тајна елеосвештение. Ова маслоосветување се употребува за помазување на здрави, а елеосвештението се извршува над болни луѓе, за да оздравеат..Црковното предание и нашата стара традиција уредиле на Велики Четврток, рано наутро, пред изгрејсонце, да се вапцуваат првите Велигденски јајца.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *