Почетна / Избор на Уредникот / Виенски бал-македонска кал

Виенски бал-македонска кал

Македонската божемна аристократија се менува како што се менуваат годишните времиња.Љубчо и неговото ДПМНЕ, со својата или нивната “сина крв“, почнаа да го организираат таканаречениот “Виенски бал“.

Се сликаа во фракови, сопругите во вечерни раскошни фустани, и божем од себе донираа средства за хуманитарни активности.Замина Љубчо дојдоа СДСМ, и тие на Бате Саше, Бате Владе и други батковци со нивните сопруги, на чело со примабалерината на Бате Саше.Не играа само  на “На убавиот син дунав“, туку и “Приказни од виенската шума“, па и „Љиљакот“, за револуцијата да им се заврши со “Радетски марш“.Марш по затворите, а главниот , примабалетанот отиде да игра не, не валцер, туку чардаш, овие останатите ќе учат танцување во ќелиите.

Е сега на “Виенски бал“ се СДСМ.Заев беше на краток курс кај Курц во Австрија.Доби инструкции како се движат нозете кога играте виенски валцер, а при тоа да не згрешиш и заиграш англиски валцер, и на крајот како да не паднеш од валцерот, оти може да ти се заврти свест(под услов да ја имаш)и бап доле на мермерот.Оваа вечер бал во најзагадениот град во светот Скопје (многу бргу заборавија дека е загаден), па сите со се` Заев и заевица на бал, кој има фрак арно, кој не мора да има “лептир машна“.Важно е да си на бал.ЕееБал си е-Бал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *