Почетна / Избор на Уредникот / Владата наметнува тв едноумие.“Национална класа“ ќе нема од недела.

Владата наметнува тв едноумие.“Национална класа“ ќе нема од недела.

Против неодамна донесените измени во Закон за медиуми и две владини уредби веќе подолго време агитираат операторите, но сѐ уште нема договор. Последниот рок е 21 јуни. За ова веќе се информирани сите релевантни домашни институции и сите меѓународни организации и амбасади, но одговор нема. Операторите велат дека едноставно биле приморани  да почнат со времени прекини во реемитувањето.

„Принудени сме да започнеме со времени прекини во реемитувањето на телевизиските програми во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски. За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за ова, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба“, се вели во писмото што го испратиле опeраторите.

Со последната владина Уредба им се наложува на операторите да ги пререгистрираат сите странски канали во период од 60 дена, наметнувајќи им ретроактивна обврска за веќе регистрирани канали.

Операторите се обидуваат да ѝ објаснат на власта дека тоа едноставно е невозможно во рок од 60 дена. Освен тоа и странските канали не се баш расположени да потпишуваат некакви наметнати изјави. Без тоа власта ќе може и кривично да ги гони управителите на радиодифузерите и операторите.

Операторите соопштуваат дека се отворени за разговори и се надеваат дека може да се дојде до прифатливо решение. Тие се повикуваат на предлози за дополнување на правилниците на Агенцијата за медиуми, кои се веќе подготвени и со кои се предлага детална процедура за затемнување на програмските содржини, во случај некој од домашните радиодифузери за дел од нив да ги има откупено правата.

„Предлагаме измена на Упатството за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава со додавање на соодветна процедура што ќе ја официјализира постапката на затемнување на секоја содржина реемитувана од странски радиодифузер за која национален радиодифузер ќе нѐ извести дека поседува ексклузивни и/или приоритетни права за реемитување на територијата на земјава“, се вели во писмото.

Операторите очекуваат дека Владата ќе реагира со измена на наведената Уредба т.е. споменатиот член 3 за делот на нова регистрација на странските канали. Доколку нема промени во наведената Уредба, после истекот на 60 дена, од 8 август, операторите ќе немаат можност да вршат реемитување на странски канали, а со тоа нема да има економска логика да се реемитуваат и домашните радиодифузери.

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги Владата ги донесе на 16 февруари годинава, на денот на распуштањето на Собранието, по скратена постапка и без претходна јавна расправа. Со нив на операторите им се наметна обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат, и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Веќе е поднесена и иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на спорните одредби од законот, односно членот 143, со барање за времена мерка со која ќе се одложи примената на усвоените законски измени. Се чека на решение на Уставниот суд.

Владата со Уредба донесена на почетокот на април, го анулира членот 143, по што со нова Уредба од мај повторно го врати во сила проблематичниот член 143. Операторите повторно влегоа во правна несигурност и зголемени трошоци.

Заканата за темни екрани од 21 јуни е сѐ уште во сила.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *