Радио Штип
Спорт

Влатко Костов разочаран се откажува од канидатурата за претседател на ФФМ

Влатко Костов нема намера да се впушта во трката за претседателската функција во ФФМ”..Неочекуван потег на Влатко Костов кој во јавноста се споменуваше за еден од главните кадидати за испразнетото претседателско место во Фудбалската федерација на Македонија. Штипјанецот одлучи да не оди во трката за високата позиција.„Во моментов немам намера да поднесам кандидатура за претстедател на ФФМ. Претходно во неколку наврати сум истакнувал кандидатура на ФФМ, дури и јавно сум кажувал дека сакам да бидам претседател, но истата била одбиена како демек непотполна или некомплетна. Сега мислам дека не е време да се впуштам во трката. Мора претседателот на ФФМ да добие полн легитимитет од сите.Во една ваква ситуација, кога фудбалската организација е расцепкана и разидинета , кога довербата во неа е загубена,во еден таков натпревар не сакам да учествувам .Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија е на 17 март, а кандидатурите треба да бидат поднесени до 25. февруари

Слични Новости

Емил Павлов и Жарко Арсовски на ЕП во Шпанија

trajce jovanov

ФФМ плива во криминал.Нема да има изборно собрание.

trajce jovanov

Црвен картон за Страшо Глигоров во борењето

trajce jovanov

Leave a Comment