Почетна / Црна хроника / Внук и дедо прегазени од такси на пешачки премин

Внук и дедо прегазени од такси на пешачки премин

Такси возило утрово удри во двајца пешаци на пешачки премин во централното градско подрачје во Штип. Пешаците, кои биле дедо и внук, се здобиле со телесни повреди.

Несреќата се случила околу 8 часот кога 65-годишниот пешак и неговиот осумгодишен внук преминувале на пешачки премин, а во нив удрило такси возило марка „Шкода фабија”. Возилото го управувал 60-годишен возач од Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информирала дека пешаците веднаш се пренесени во штипската Клиничка болница, каде што им се констатирани телесни повреди, а од болницата изјавиле дека за среќа тие минале со полесни повреди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *