Почетна / Балкан / Во “Дежела, lažje diha“

Во “Дежела, lažje diha“

Убавото време и укинувањето на повеќе ограничувања донесени поради епидемијата на коронавирусот е причина Словенија по подолго време да помине релативно „нормален” ден, јави дописникот на од Љубљана. По речиси два месеца, како и низ целата држава така и во Марибор повторно беа отворени кафулињата и рестораните. Почитувајќи ги сите мерки на Националниот институт за јавно здравје, граѓаните повторно можеа надвор од своите домови да испијат кафе или да ручаат. Отворени се само надворешните делови, односно терасите од објектите, а на иста маса можат да седат само членови на исто семејство. Персоналот задолжително носи заштитни маски, а истото треба да го сторат и гостите кои сакаат да влезат во внатрешниот дел од угостителските објекти за да одат во тоалет. Слично беше и во Целје, каде што пред се постарите кои беа на пазарите го искористија убавото време и за да седнат во локалните кафулиња на пијалок и да се одморат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еди РАма победи на изборите во Албанија

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) во Албанија, Илирјан Целибаши денеска ги соопшти резултатите од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *