Почетна / Бизнис / Во интерес на стопанството, олеснување на царинските процедури.

Во интерес на стопанството, олеснување на царинските процедури.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танаскоски во својот кабинет.„Разговаравме за повеќе теми и проблеми коишто ги тангира оваа управа и важно е дека е извршено посета во неколку штипски компании за да разговара со сопствениците за тоа кои се нивните потреби и можностите за олеснување на процедурите, се она што му е потребно за да му олесниме на нашиот бизнис сектор да функционира подобро,“ изјави градоначалникот Бочварски.Градоначалникот Бочварски го извести директорот Танаскоски за идните планови за развој на општина Штип и тоа кои се проектите на коишто моментално се работи.„Заедно со управникот на регионалната царинарница во Штип посетивме неколку компании за да се запознаеме со нивните процеси и да ги запознаеме со сите оние поволности коишто ги нуди царинската управа и за коишто се залага Владата на Република Северна Македонија.Зборувавме за самата дигитализација и воведувањето на новиот систем на царинската управа како и овозможувањето на новите мерки како овластен економски оператор кои верувам за компаниите коишто се во Штип и во самата околина ќе биде многу добра мерка,“ додаде директорот Танаскоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *