Почетна / Бизнис / Во Македонија,нема ѕидари без работа, но затоа има доктори и магистри на науки.

Во Македонија,нема ѕидари без работа, но затоа има доктори и магистри на науки.

Во Македонија има се повеќе невработени со високо образование, магистри и доктори на науки. Според податоците на Агенцијата за вработување, во земјава во моментов има нешто повеќе од 12.130 невработени граѓани со завршено високо образование, 957 магистри и 34 доктори на науки што се без работа.

Зголемувањето на бројот на магистри е во тесна врска со воведувањето на Болоњскиот систем, кој во Македонија почна да се практикува во 2004. Со него беше овозможено бруцошите да запишат магистратура уште на почетокот на студирањето и за пет години да добијат диплома за завршен втор циклус на студии. Многумина сметаат дека Болоњскиот систем имплицира негативни ефекти во македонскиот образовен систем. Социологот Илија Ацески, од Филозофскиот факултет во Скопје, за Алфа вели дека Болоњскиот систем е една од причините за уривање на квалитетот на студиите.

Зголемувањето на бројот на магистри е во тесна врска со воведувањето на Болоњскиот систем, кој во Македонија почна да се практикува во 2004.

Според Државната статистика, во изминатите 27 години во Македонија дипломирале вкупно 164.234 студенти, магистрирале 14.865, а диплома за доктори на науки добиле 2.811.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *