Почетна / Свет / Во Москва е топло како во Сахара

Во Москва е топло како во Сахара

Москва е погодена од топлотен бран еднаков на рекордот стар 120 години, објави денеска руската метеоролошка служба и предупреди дека тоа е последица на климатските промени, пренесува агенцијата Франс Прес.

Во руската престолнина, температурата била 34,7 степени Целзиусови, според агенцијата Росгидромет, ваква температура била измерена во јуни 1901 година. Во четврток и петок на места се очекуваат температури од над 35 степени Целзиусови.

„Зголемувањето на температурата забележано во Москва овие денови е без преседан во последните 120 години“, рече Марина Макарова, метеоролог од „Росгидромет“.

„Климатските промени на глобално ниво доведуваат до рекордно високи температури во нашиот главен град“, додаде таа. Русија ги следи температурите од 1881 година.

Апсолутниот рекорд, со повеќе од 38 степени Целзиусови, е измерен во јули 2010 година, кога западниот дел на земјата бил погоден од топлотен бран и големи пожари.

Санкт Петербург, кој што се наоѓа на 600 километри северно, исто така овој месец е погоден од топлотен бран од 34 степени, што не го доживеале од 1998 година.

Според многу научници, Русија, особено Сибир и Арктикот, се региони кои се најмногу изложени на климатските промени во светот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *