Почетна / Занимливости / Во око и нашле четири живи пчели

Во око и нашле четири живи пчели

Жена од Тајван побарала лекарска помош поради иритација на окото и докторот бил зачуден кога во окото ѝ нашол четири живи пчели.

Дваесет и осумгодишната жена идентификувана како „госпоѓица Хе“, корнела плевел кога инсектите ѝ влегле во око.

Доктор Хонг Чи Тинг, офталмолог во Универзитетската болница Фојин во Тајван изјави за BBC дека бил шокиран кога извлекол четири живи пчели од нејзиното око и додаде дека ова е прв ваков случај во неговата долгогодишна кареиера.

Госпоѓица Хе се чувствува добро и е пратена на домашно лекување.

Пчелите најдени во нејзиното око се нарекуваат „слатки пчели“ или Halictidae и ги привлекува човечката пот, па се лепат на кожата за да ја цицаат потта. Понекогаш цицаат и солзи поради високото ниво на протеини во човечките солзи.

Хе корнела плевел околу гробовите на нејзини роднини кога ѝ дувнал силен ветер в лице и минијатурните пчели ѝ влегле во левото око, а таа си мислела дека е прашина.

Неолку часа подоцна окото ѝ било болно и отечено и побарала лекарска помош.

„Не можеше да го затвори окото. Погледнав во аголот на окото и видов нешто црно што личеше на нога од инсект“, рече доктор Хонг.

„Ја фатив ногата и внимателно ја повлеков и што ќе видам – пчела. Потоа извадов уште три. Сите беа живи“, изјави тој.

Доктор Хонг додава дека овие пчели обично не напаѓаат луѓе и дека пациентката имала среќа што не го триела окото додека пчелите биле внатре.

„Носи контактни леќи, па не го триела окото стравувајќи дека ќе ги оштети. Ако го истриела окото можела да ги иритира пчелите и да пуштат отров… можела да ослепи“, рече тој.

Пчелите се живи и испратени на испитување во друга здравствена организација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *