Почетна / Балкан / Во Требиње, колективен отказ-покачувањето од 25 евра не е доволно

Во Требиње, колективен отказ-покачувањето од 25 евра не е доволно

Загриженоста на властите во Република Српска поради иселувањето на работоспособното население не е неоснована, а доказ за тоа е еден случај во Требиње.

Вработените во бензинска станица во овој град одлучија да дадат колективен отказ бидејќи не биле одговорени нивните барања до управата, пишува Политика.

Тие го убедувале сопственикот дека платата од 250 евра не е доволна за нивниот работен ангажман и побарале зголемување од 50 евра.

Работодавачот проценил дека може да се согласи на зголемување од половина од предложениот износ и им понудил по 25 евра плус на месечната плата.

Вработените се согласиле дека тоа не е доволно и го известиле сопственикот дека бензинската станица веќе не работи – сите даваат колективен отказ.

„Не се согласија, се спакуваа, ставија клуч во брава, ја заградија станицата и колективно го нашуштија работното место“, објави Алтернативна телевизија.

Медиумите ваквиот чин го поврзаа со недостигот на работна сила, најпрво во Хрватска и во Европската Унија, каде се бараат работници од разни профили.

Економистите ги потврдуваат претходно објавените тврдења на властите и на работодавачите кои забелжале дека само повисоки плати може да ги задржат работниците во Република Српска.

Сепак, се чини дека приватните работодавачи не се најрасположени да ги зголемат буџетите за плати, иако властите во Република Српска неодамна воведоа неколку олеснувања и најавија ндополнителни мерки и субвенции.

Економистите се прашуваат дали тоа ќе биде доволно растеретување за да може работниците во земјата кои земаат плата пониска од просечната, пресметана на 450 евра, да почувствуваат подобрување на животниот стандард.

Во градежниот сектор во Република Српска просечната месечна плата е 300 евра, а во областа на финансии е над 740 евра.

Властите во Република Српска пред неколку месеци ветија раст на просечната плата на 500 евра, а на најниската на 250 евра.

Засега, зголемување на платата добија вработените во образование и во полиција, за 10%.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *