Почетна / Балкан / Во Турција пораз на Ердоган, победи опозицијата

Во Турција пораз на Ердоган, победи опозицијата

Во Турција се одржаа локални избори на кои беа избрани новите раководители на локалните самоуправи (локалните власти) со мандат од 5 години.

За изборите беа регистрирани вкупно 57 милиони 58 илјади 636 бирачи со право на глас кои гласаа во 194 илјади 390 гласачки кутии.

На тој начин граѓаните на Турција вчера ги избраа своите нови раководители на локалните управи (локалните власти).

Процентот на излезеност изнесуваше околу 84 отсто, додека својот белег на изборите го удрија склучените сојузи помеѓу политичките партии.

На целата територија на Турција победи Народната Алијанса (Сојузот Џумхур).

Народната алијанса (Сојузот Џумхур), составена од Партијата за правда и развој АКП-АК Партијата и Партијата за националистичко движење МХП, освои 51,74 отсто од гласовитена бирачите.

Националната алијанса (Сојузот Миллет), составена од Републиканската народна партија ЏХП и Партијата ИЈИ (Добрата Партија) освои 37,64 отсто гласови.

Според нецелосни и неофицијални резултати распределбата на освоени гласови според општини е вака:

Владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) освои 44,42 отсто од гласовите во општините на територијата на цела Турција, главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) освои 30,7 отсто, Партијата ИЈИ 7,46 отсто, Партијата за националистичко движење (МХП) 7,25 отсто, а Демократската партија на народите (ХДП) освои 4,2 отсто од гласовите на бирачите според општини на целата територија на Турција.

Останатите политички партии кои учествуваа на изборите пак, освоија вкупно 6,60 отсто од гласовите.

Кога ќе се погледне по бројот на освоени општини владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) освои вкупно 796 општини, главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) 246 општини, Партијата за националистичко движење (МХП) 227, Демократската партија на народите (ХДП) 69 и Партијата ИЈИ излезе како прва партија во 21 општина.

Распределбата, односно процентот на освоени гласови во трите најголеми градови во Турција, во главниот град Анкара, Истанбул и во Измир пак, според нецелосни и неофицијални резултати гласи вака:

АНКАРА

Народната алијанса (Сојузот Џумхур), доставена од Партијата за правда и развој АКП-АК Партијата и Партијата за националистичко движење МХП освои 47,20 отсто од гласовите на бирачите.

Националната алијанса (Сојузот Миллет), составена од Републиканската народна партија ЏХП и Партијата ИЈИ, освои 50,62 отсто гласови.

 

ИСТАНБУЛ

Народната алијанса (Сојузот Џумхур), доставена од Партијата за правда и развој АКП-АК Партијата и Партијата за националистичко движење МХП освои 48,71 отсто од гласовите на бирачите.

Националната алијанса (Сојузот Миллет), составена од Републиканската народна партија ЏХП и Партијата ИЈИ, освои 48,65 отсто гласови.

ИЗМИР

Народната алијанса (Сојузот Џумхур), доставена од Партијата за правда и развој АКП-АК Партијата и Партијата за националистичко движење МХП освои 38,49 отсто од гласовите на бирачите.

Националната алијанса (Сојузот Миллет), составена од Републиканската народна партија ЏХП и Партијата ИЈИ, освои 58,06 отсто гласови.

Потсетуваме дека тоа се нецелосни и неофицијални резултати.

Инаку, на вчерашните локални избори во Турција учествуваа 12 политички партии и тоа:

Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата), Партијата за националистичко движење (МХП), Народната републиканска партија (ЏХП), Партијата за независна Турција (БТП), Партијата за големо единство (ББП),  Демократската партија (ДП), Демократската левичарска партија (ДСП), Демократската партија на народите (ХДП), ИЈИ Партијата, Партијата на благосостојбата (Саадет – СП),  Комунистичката партија на Турција (ТКП) и Татковинската партија (Ватан).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *