Почетна / Спорт / Второлигаши, бараат проширување на фудбалските лиги.

Второлигаши, бараат проширување на фудбалските лиги.

Неколку екипи второлигаши покренаа  иницијатива за итен прекин на фудбалскиот шампионат. Пишаниот документ е веќе испратен до сите 20 клубови кои во текот на идната недела треба да се произнесат околу ставовите и предлогот кој треба да се достави до ФФМ.Причината за ваквиот став клубовите го гледаат во вонредната состојба во земјава, проблемите со финансии и проблемите со старт на тренинзите и довршување на првенството.Се бара од следната година Првата лига да брои 16 клубови. Од елитата да нема испаѓање, а првопласираните 3 екипи од Запад (Пелистер, Скопје, Лабуништа) и Исток (Беласица, Брегалница, Тиквеш), да изборат пласман во најдобрата лига во земјава. Двете втори лиги исто така би се прошириле на по 12 клубови и би се играло по трокружен систем.Она што го дознаваме е тоа дека иницијативата ја покренуваат екипи кои се борат за опстанок во Втората лига.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *