Почетна / Балкан / Вучиќ и Чавков, стравува српскиот претседател

Вучиќ и Чавков, стравува српскиот претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ, имаше вонредно обраќање до јавноста бидејќи  синоќа демонстранти упаднаа во РТС барајќи да се врати телевизијата на народот бидејќи националниот сервис не известува за протестите.

Вучиќ на новинарско прашање за двојните стандарди на меѓународната заедница, почна да говори за Македонија  при тоа кажа: Интересно е како кај нас имаат двојни аршини. За оние кои не слушнаа прашањето беше: Како е можно западните амбасадори да не го осудија, а во иста секунда ги осудија оние кои упаднаа во македонскиот Парламент? Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Џилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Џилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа тоа не ме интересира –  демек поентираше Вучиќ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *