Почетна / Балкан / Вучиќ , претседателот “Сонце“

Вучиќ , претседателот “Сонце“

Српската напредна партија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е апсолутен победник на парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија кои се одржаа вчера. За Вучиќ над 63% освоени гласови или 189 места во законодавниот дом, ова претставуваат историска победа за неговата партија.„Освоивме над два милиони гласови. Победивме насекаде. Победивме и таму каде што сме изгубиле и таму каде никогаш порано не сме победиле. Победивме убедливо“; изјави Вучиќ.Гласачите ја ставија на второто место листата на Коалицијата меѓу Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ и Обединетата Србија на Драган Марковиќ. Освоија 32 пратенички места.„Во нормални политички услови, тешко дека ќе бидеме задоволни со 11% од гласовите, но гледаме дека сите други политички партии не успеаја и исчезнаа, додека ние сме единствените кои преживеавме“, рече Дачиќ.Но, опозициската партија која ги бојкотираше изборите цени дека неизлегувањето на над 50% од Србите на гласање ја прави новата влада нелегитимна. Опозицијата и невладините организации наведоа низа неправилности за време на гласањето, што беа набљудувано од страна на мал број меѓународни набљудувачи од ОДИХР и мисијата ЕНЕМО.„Србија му рече „НЕ“ на режимот на Александар Вучиќ и лудилото на кое сме изложени во претходните години. Бојкотот ја постигна својата мисија“, рече Драган Дилас, Партијата за слобода и правда.Новата влада на Вучиќ се очекува со косовската влада предводена од Авдула Хоти да ги реши споровите меѓу двете држави. ЕУ, како што напиша еврокомесарот Оливер Вархеји, очекува реформи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еди РАма победи на изборите во Албанија

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) во Албанија, Илирјан Целибаши денеска ги соопшти резултатите од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *