Почетна / Избор на Уредникот / ГДУ во договорот за базенот го виде тоа што цел Штип го знае.

ГДУ во договорот за базенот го виде тоа што цел Штип го знае.

„Согласно член 3 став 3 од Договорот е утврдено дека  купувачот се обврзува дека во рок од 6 месеци од денот на склучување на Договорот за купопродажба на недвижноста ќе добие одобрение за градба и истиот ќе започне со градба а Спортско рекреативниот центар ќе го изгради најдоцна за две години од моментот на добивањето на одобрението за градба.Согласно претходно цитираниот член, видно е дека се пробиени сите рокови за изградба на Спортско рекреативниот центар. Се поставува прашањето, дали Општина Штип треба да го раскине овој договор поради непочитување на договорот и пробиените рокови или куповачот треба да плаќа казнени пенали, согласно со Законот на градба и дали до сега имаат преземено било какви активности? Почитувани сограѓани, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ го има продадено Градскиот базен, факт е дека СДСМ не презема ништо околу реализацијата на Спортско- рекреативниот центар. Затоа ние од ГДУ прашуваме, до кога ќе ги трпиме меѓусебните обвинувања на  ДПМНЕ и на СДСМ кои успеаја да направат од центар на истокот, Штип, да остане без градски базен? Престаните да се обвинувате и почнете да работите за доброто на граѓаните. Додека вие се обвинувате кој е виновен за Градскиот базен, штипјани мораат да патуваат до соседните градови. Очекуваме конкретен одговор од локалната самоуправа и градоначалникот Бочварски што мисли да преземе за овој случај“, кажа Борче Пачемски, претседател на ГДУ – Штип.

Локалната самоуправа, односно сегашнава власт, одговори на следниов начин:

„ Би сакале да Ве информираме дека локацијата на која што се наоѓа градскиот базен е отуѓена по пат на јавно надавање преку системот на е-ствари со склучен Договор за купопродажба на недвижна ствар градски базен  бр.03-1630/6 од 24.03.2016 година и Договор бр.УПIбр.19/16-40 од 19.12.2016 година за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови на објекти изградени со градежно техничка документација.Договорите  се склучени од страна на претходната локална власт предводена од ВМРО ДПМНЕ.Оваа локална Власт го информираше сопственикот дека е потребно да постапи согласно тој договор или земјиштето да биде вратено во сопственост на државата а објектот во сопственот на Општина Штип.Би сакале да Ве информираме дека во врска со овие Договори за градскиот базен немаме законска можност за наплаќање на Договорни казни бидејки градежната парцела е продадена по пат на непосредна спогодба.Општина Штип наплаќа Договорна казна на сите правни и физички лица кои слкучиле договри по пат на Јавно надавање врз основа на Законот за градежно земјиште“, стои во реакцијата.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *