Радио Штип
Бизнис

Германска инвестиција во Бунарџик

Германски Гересхаимер ќе гради фабрика во Бунарџик. Инвеститорот е од фармацевтската индустрија и во земјава ќе произведува апликатори за инсулин, инхалатори за астма и слични производи за потребите на медицината. Очекувањата се до крајот на идната година фабриката да започне со работа, а ќе вработи 400 лица.

Премиерот најави дека ова ќе биде една од највредните инвестиции во земјава.

Власта смета дека оваа германска инвестиција е доказ дека земјава нуди подобри услови за странските инвеститори од останатите држави во регионот.

Вицепремиерот уште еднаш повтори дека германскиот автомобилски гигант Фолксваген сè уште ја разгледува можноста да отвори своја фабрика во Југоисточна Европа и компанијата не донела одлука за инвестиција во Србија.

Слични Новости

EVN ќе не снабдува со струја на големо и на широко, а може и на коцки

trajce jovanov

Подобрување на извозната кондиција на мак.економијата

trajce jovanov

Нови повисоки цени на горивата

trajce jovanov

Leave a Comment