Радио Штип
Занимливости

Германски град заплени куче, да си го наплати долгот

Германскиот град Ахлен запленил домашен миленик и го продал за да си ги наплати долговите, истовремено предизвикувајќи голем број на критики од јавноста.

– Законот дозволува конфискување на имот, а тука влегуваат и расните кучиња, кои можат да бидат запленети, изјавил градоначалникот на градот Дирк Шлебес за медиумите, откако кучето било огласено за продажба преку И беј за 750 евра.

-Добивме малку пониска цена од побараната, ја прифативме и парите влегоа во градската каса, објаснил Шлебес.

И купувачот и семејството кое останало без своето куче биле подеднакво незадоволни.

Жената која го купила кучето се чувствува измамено затоа што животното било болно, а лекувањто било многу скапо.
Таа се заканува со тужба и си ги бара парите назад, а бара надомест и за трошоците за ветеринар што ги платила за лекувањето на кучето.

Поранешните сопственици на кучето се незадоволни затоа што им недостига нивниот миленик.

Слични Новости

Манчевски секогаш со награди за негови филмови

trajce jovanov

Лудило:Камила вадеше Лада нива од снег

trajce jovanov

Совет на млади повик за филм за Штип

trajce jovanov

Leave a Comment