Почетна / Свет / Германците бегаат од црквите, како ѓавол од крст

Германците бегаат од црквите, како ѓавол од крст

Рекорден број верници, над половина милион, минатата година ги напуштиле двете христијански цркви во Германија, соопштија денеска Католичката и Протестантската црква.„Католичката црква во Германија има 272.771 помалку верници отколку во претходната 2018 година. Тоа е за 22 проценти повеќе од претходната година“, соопшти Германска епископска конференција во Бон.

Во исто време, Протестантската црква во Германија во Хановер соопшти дека во 2019 година има 270.000 помалку членови од претходната година.

Во Германија на една од двете главни христијански цркви во моментов припаѓаат околу 43 милиони граѓани, од вкупно 83 милиони жители. Тоа е за пет милиони помалку отколку во 2012 година.

Претставниците на двете цркви изразија жалење поради масовното заминување на верниците од редовите на црквата и како една од причините ја посочија потребата за промени внатре во рамки на црквата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Fazer” подготвува антиковид апче.

Пилулата може да спречи тешка форма на ковид-19 или може да биде втора линија на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *