Почетна / Занимливости / Гинеа од бугарскиот фашистички окупатор.

Гинеа од бугарскиот фашистички окупатор.

Партизанскиот одред “Гоце Делчев“на 19 мај 1943 година заминал да заврши борбени задачи на планината Плачковица. Членовите на Одредот во подножјето на Плачковица кај месноста Врши Дол , до селото Градец,, се одморале во една колиба, По дојава на две овчарчиња на 21 мај партизанскиот одред бил пријавен на бугарската полиција која ја опколила колибата и во нерамна борба загинале повеќе членови на Одредот, а некои биле мачени , а потоа убиени. Единствено се спасил Митко Ушински, кој во тој момнет не бил во колибата, а со Одредот не заминал на Плачковица Исак Сион. Одредот го сочинувале Ванчо Прќе, Тошо Арсов, , Никола Нехтенин, Александар Митрев,Митко Цецов, Ванчо Китанов, Гошо Сламков, Митко Ушински.,Исак Сион.. Денеска во Алејата на народните херои во центарот на Штип беа положени букети цвекиња пред спомен бистата на Народниот херој Ванчо Прке, а потоа и пред спомен бистите на првоборците Тошо Арсов и Никола Нехтенин. во Штип, во училиштата кои ги носат нивните имиња. Пред спомен бистата на Народниот херој Ванчо Прке беше изведен рецитал од ученици на ОУ кое го носи неговото име. посветен на борците од партизнакиот одред Гоце Делчев

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Христос Воскресна-Навистина воскресна.Честит 1-ви мај!

РЕДАКЦИЈАТА НА РАДИО ШТИП, НА СВОИТЕ СЛУШАТЕЛИ-ЧИТАТЕЛИ, НА СИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ГИ ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *