Почетна / Спорт / Глупите изговори на Јунајтед

Глупите изговори на Јунајтед

Неверојатна приказна доаѓа од Холандија, а е поврзана со холандската тинејџерска сензација Матијас де Лихт. 19-годишниот капитен на Ајакс во моментов е еден од најбараните фудбалери на пазарот, а неговата цена достигна до 70 милиони евра.

Раководството на Манчестер Јунајтед пред две години пропуштиле голема шанса да го донесат Де Лихт во своите редови. Холанѓанецот бил прв избор на Мурињо, а резервниот план бил Хари Мегваер.

Тогаш нивниот скаут им ги опишал квалитетите на младиот дефанзивец но и додал забелешка дека татко му Френк бил дебел. Наводно проценил дека штом татко му е дебел и Де Лихт би можел да биде наклонет на дебелеење (генетски наследно дебелеење) што би можело да претставува проблем во иднина. И така славниот англиски клуб се повлекол од трката.

A интересно и резервниот план на „црвените ѓаволи“ пропаднал, ниту Мегваер не пристигна на „Олд Трафорд“ туку остана во Лестер Сити.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *