Почетна / Занимливости / Гнев од вагина?!!!

Гнев од вагина?!!!

Скулптура на  вагина предизвикала бес помеѓу локалното население откако се појавила на еден рид во Бразил.

Уметницата Јулијана Нотари потрошила 11 месеци градејќи го неверојатното уметничко дело во близина на својот дом, а фотографиите ги споделила на социјалните мрежи на новогодишната ноќ.

33-метарската армиранобетонска вагина наречена „Дива“ е поставена во рурален уметнички парк во бразилската сојузна држава Пернамбуко, на североистокот од земјата.

„Тоа беше долг процес, речиси 11 месеци полни со истрајност, соживот и учење. „Дива“ сепак е голема рачно изработена скулптура“, напишала Нотари покрај фотографиите кои набрзо станале вирални.

Уметницата истакнала дека не можеле да се користат багери поради прецизност, па 20 мажи со месеци работеле на „Дива“ која е висока 33 метри, широка 16 метри и длабока 6 метри.

Во „Дива“ ја користам уметноста за дијалог со темите кои се однесуваат на родови прашања од женска перспектива во комбинација со космопоцентричното и антропоцентричното западно општество“, објаснила таа.

Но, нејзината скулптура разбеснела многумина.

„Уништување на крајолик за ова треба да се смета за криминално дело“, „Би ми било срам да дојдам со семејството на место како ова“, гласат коментарите на ТвиGneтер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 милиони долари е “дебела“ Парис Хилтон

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на прочуениот луксузен ланец на хотели Хилтон, кој ‘тежи’ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *