Почетна / Црна хроника / Голем пожар на границата Македонија-Бугарија

Голем пожар на границата Македонија-Бугарија

Пред два часа избувна голем шумски пожар на границата меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село.

Пожарот го потврдија и од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица и од ТППЕ Струмица, чии екипи се на терен и го гаснат пожарот.

Зафатена е ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост со површина од над 3 хектари.

Поради непристапниот терен гаснењето оди тешко, а според првичните информации од местото на пожарот најверојатно е предизвикан од човечки фактор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *