Почетна / Балкан / Го фрлила бебето во контејнер.Може ќе лежи 40 години затвор

Го фрлила бебето во контејнер.Може ќе лежи 40 години затвор

Триесет и тригодишната М.Г. е уапсена и одреден и е притвор од 48 часа заради основано сомнение дека извршила кривично дело тешко убиство на дете во обид. Уапсената родилка тајно се породила во станот во кој живее со својот татко и постариот син.

По веста за нејзиното апсење соседите се шокирани затоа што никој не се ни посомневал дека е бремена бидејќи, како што велат, била покрупна жена.
33- годишна жена, за која се верува дека е мајка на штотуку роденото бебе кое било фрлено во контејнер е сослушана денес и може да заработи казна затвор од 10 до 40 години.

Бебето го пронашол  пензионер кој излегол да го прошета кучето, а кога се доближил до контејнерот слушнал чудни звуци како стенкање, а кога погледнал таму било новороденче завиткано во најлонско ќесе.

Прашани да кажат нешто за нејзиното семејство, соседите рекле дека се работи за сосема обично и секојдневно семејство, и дека не се работи за социјални случаи. Своето чудење не го кријат, особено што бебето го фрлила во контејнер пред влезот во кој живее.
Уште пошокантна за нив е играта на судбината што во истата зграда живее и Слободан Цветковиќ, соседот кој го пронашол штотуку роденото момче во контејнерот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *